Хеликобактер пилори- Симптомите се надуен стомак, депресија…

Хеликобактер пилори е стапчеста бактерија што е откриена во 1982 година од двајца австралиски научници, откритие за кое беа наградени со Нобеловата награда во 2005 година. Хеликобактер пилори живее во желудникот на човекот, поточно во површниот слој на желудочната лигавица. Денес хеликобактер пилори инфекцијата се смета за најчеста инфекција кај човечкиот род, со приближна застапеност од 50 отсто од светската популација Застапеноста на хеликобактер пилори инфекцијата во Македонија е околу 50 %.

Како се пренесува бактеријата?

Инфекцијата обично се стекнува во детството. Со стареење застапеноста на инфекцијата е сé почеста. Оваа инфекција е заразна, со најверојатен пренос на бактеријата од човек на човек ( уста – уста, лоша лична хигиена, пренаселеност, загадена вода ). Бактеријата е изолирана од измет, плунка и вилицата на човекот. Кај животните единствен познат носител на бактеријата е мачката.

Кога треба да се посомневате?
H. pylori може да предизвика различни симптоми, а најчестите вклучуваат: надуеност, металоиди, езофагеален рефлукс, запек, дијареа, и непријатност во горниот дел и во средината на стомакот. Луѓето генерално погрешно ги толкуваат овие симптоми како нормални манифестации на телото.

H. pylori е главната причина за гастритис – воспаление на слузницата на желудникот. Гастритис предизвикува околу 90% од дуоденални улкуси и околу 80% од гастрични улкуси.

H. pylori исто така, може да предизвика голем број на други услови кои не се директно поврзани со варењето на храната, како што се кардиоваскуларни тегоби, главоболки и Рејнолдова болест, со нарушена циркулација во рацете и нозете.

Оваа бактерија може да го намали нивото на серотонин во мозокот, со што се предизвикува депресија и нервоза.

Image result for хеликобактер симптоми

Кои заболувања ги предизвикува хеликобактер пилори?

Хеликобактер пилори инфекцијата предизвикува:
• Воспаление на желудникот ( гастритис ) и на дванаестопалачното црево
• Чир на дванаестопалачното црево и желудникот
• Малигно заболување на крвниот систем ( кај 1% од заразените)
• Карцином на желудникот ( кај 1-2 отсто од заразените)

Како се дијагностицира инфекцијата?

Дијагнозата на инфекцијата се поставува на повеќе начини.
Неинванзивни тестови
• Серолошко тестирање (антитела во крв)
• Антиген во измет
• Дишни тестови со радиоактивен јаглерод
Инванзивни тестови
Со биопсија од желудочна лигавица за време на ендоскопски преглед и нејзино испитување:
• Хистолошко испитување на примерокот од ендоскопија
• Микробиолошко култивирање на примерокот од ендоскопија
• Докажување на нуклеинската киселина на бактеријата

Колку се сигурни тестовите?

Сите споменати тестови имаат висока точност, меѓутоа ниту еден од нив не е апсолутно сигурен. Пред тестирањето потребно е да се прекине третманот со лекови за желудникот и антибиотици во времетраење од 2 до 4 недели. Единствен дијагностички тест каде прекинот на терапија не е потребен е крвниот тест.
Важно е да се напомене дека кога пациентот еднаш бил лекуван од хеликобактер пилори, следењето или повторното тестирање за присуството на бактеријата се врши само со следните неинванзивни тестови :
• Дишни тестови со јаглерод
• Антигени во измет
Тестирањето со крв (серолошкиот тест) не е соодветен избор за контрола на инфекцијата по применета терапија.

 

Како се лекува инфекцијата?

Постојат многу протоколи за третман, но денешните ставови за третманот на хеликобактер пилори инфекцијата се состојат од 7 до 14-дневен третман со стандардна, тројна терапија – два антибиотика плус препарат кој го намалува создавањето на киселина во желудникот (инхибитор на протонска пумпа). Постојат повеќе облици и комбинации на овој третман, во зависност дали пациентот е алергичен на некој лек, дали е прв, втор или евентуално трет обид за третман. Успехот на најефикасните протоколи за терапија е повеќе од 95 отсто успех во лекувањето.
Треба да се напомене дека кај сите пациенти кои имаат над 45 години потребно е да се направи ендоскопски преглед на желудникот, а потоа тестирање за хеликобактер пилори. Кај групата на пациенти кои се под 45 години, а имаат симптоми на гастритис или други диспептични симптоми, а немаат алармантни знаци како крвавење или слабеење може да се направи само тестирање и доколку се позитивни на хеликобактер пилори, да се постават на тројна терапија.

Translate »