ИСТРАЖУВАЊЕ: ВИСОКИОТ ШЕЌЕР ВО КРВТА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ ЗА ДВА ПАТИ

Пациенти со Ковид-19 со високи нивоа на шеќер во крвта имаат двојно поголема веројатност да починат, дури и ако не се дијабетичари, се вели во студија спроведена во Вухан.

Претходните студии покажаа дека постои врска помеѓу ненормално високи нивоа на шеќер во крвта и зголемен ризик од смрт од пневмонија, мозочен удар, срцев удар, траума и операција.

Сепак, сега е потврдено дека постои поврзаност помеѓу дијабетес и зголемен ризик од смрт кај пациенти со Ковид-19, соопшти тим од научници од Универзитетот за наука и технологија на Хуангјонг во Вухан. Покрај тоа, дури и во случаи на Ковид-19 во кои не се дијагностицира дијабетес, високиот шеќер во крвта го зголемува ризикот од смрт.

Поради сето ова, научниците препорачуваат болниците да го мерат нивото на шеќер во крвта на пациентите кои го примаат заради симптомите на коронавирусот.

Студијата, во која беа вклучени 605 пациенти, меѓу кои и 114 кои починаа во две болници во Вухан, покажува дека 34 проценти од нив страдале од други болести, најчесто од висок крвен притисок, но не биле дијабетичари.

Скоро третина имале толку високи нивоа на шеќер во крвта што, доколку тој бил доследно толку висок, сигурно би им бил дијагностициран дијабетес тип 2.

Резултатите покажале дека пациентите со најголем шеќер во крвта, се изложени на 2,3 пати поголем ризик од смрт, од оние со најмал. Оние од средната група се изложени на 71 процент поголем ризик од смрт од оние во најниската група.

Конечно, студијата покажа дека мажите кои биле примени во болницата со зголемено ниво на шеќер во крвта, имаат 75 проценти поголем ризик од смрт од жените со приближно исто ниво.

Затоа, високиот степен на шеќер во крвта може да биде показател за зголемен ризик од смрт поради коронавирус.

Авторите на студијата веруваат дека механизмите зад зголемениот ризик може да вклучуваат промени во формирањето на згрутчување на крвта, но и функцијата на ѕидовите на крвните садови.

Друга можност е прекумерно производство на воспалителни цитокини (мали протеини важни за пренесување на клеточни информации), кои се создадени од имунолошкиот систем – т.н. „цитокинска бура“.

Translate »