Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст
На Клиниката за инфекнтивни болести почнале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче.
Едниот е пациент на возраст од 91 година кој осум дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а другиот е 31-годишен кој бил во тешка состојба, поставен на респираторна машина вчера, интубиран, но претпладнево починал.
Вкупниот број на новодијгностицирани лица изминатите 24 часа е 16 со што вкупниот број заболени од коронавирус во земјава изнесува 257.
Министерот Филипче извести дека на Инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово. Хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. „Седум од нив се со потешка клиничка слика, пневмонија, запаление на белите дробови“, рече министерот Филипче.
Во овој момент нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина, а стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата.