Ладна те носи во Дизниленд, Париз!
Отворен е детскиот ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојата омилена игра надвор“
Започна шестиот последователен детски ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојата омилена игра надвор“. Најдобрите и најкреативните дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз.
„Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот за ликовната уметност, важноста за другарување и играње надвор, како и подигнување на свеста за значењето на водата и природата“, велат од Ладна.
Натпреварувањето ќе биде поделено
во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7
до 10 години. Кога се работи за
цртежите, нема ограничувања – тие може да бидат во било која техника. Стручното
жири ќе одбере по три најдобри дела во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди
супер награди:
Прво место – две тридневни патувања во Дизниленд во Париз
Второ место – два годишни курсеви за цртање
Трето место – два таблети за цртање
Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 6.5.2020.
Сите информации се објавени на ladna.com.mk и facebook/ladna.mk.