Како да го стимулираме хормонот на среќата!
Освен за добро расположение и среќа, тој ни помага и да ја контролираме својата емотивна состојба, ги подобрува моторните функции, а вклучен е и во регулацијата на крвниот притисок, пулсот и дигестивниот систем.
Високите нивоа на серотонин не се решението што ни треба кога е во прашање константно лошо расположение, анксиозност и депресија, па дури и бес и лутина. Но, тоа не го прави помалку важен нервотрансмитер.
Покрај серотонинот, важна улога во регулирањето на расположението играат допаминот, окситоцинот и ендорфинот.
За природна регулација на серотонинот, може да ви помогнат следниве пет начини:
Исхраната
Целокупниот бенефит од правилната и балансираната исхрана не е само здравје и витко тело, туку и здрав ендокринолошки систем.
Храната која влијае врз доброто расположение е богата со омега-3 масни киселини, витамин Б12, цинк, магнезиум и железо. Тука спаѓаат морската риба, јајцата, спанаќот, семињата, сојата и јатките.
Добар сон
Конзистентноста е важна и кога е во прашање ноќното спиење. Луѓето кои страдаат од некакво ментално нарушување, особено ако е поврзано со промени во расположението, често имаат и проблеми со спиењето.
Непроспаните ноќи ги умртвуваат рецепторите и ги прават резистентни на ефектите на серотонинот.
Витамин Д
Недостатокот на витаминот Д е поврзан со многу примери за нарушено расположение. Витаминот Д, во комбинација со омега 3 масните киселини го стимулира лачењето на серотонинот.
Излезете на сонце
Шетањето на дневна светлина, дури и во ладните месеци, е доволно за телото самото да синтетизира витамин Д. Ако се чувствувате нерасположено, пробајте со една кратка прошетка. Можеби и ќе ви помогне.
Намалете го стресот
Ова е многу полесно да се каже и советува, отколку навистина да се примени. Понекогаш, нашиот мозок нема голема контрола врз хемиските реакции на нашето тело.
Стресот индиректно, по пат на хормонални нарушувања, ги оштетува невроните и нè прави отпорни на среќните дразби. Ако има потреба, подобро е да побарате помош од терапевт, наместо да дозволите оваа состојба предолго да трае.