Парондо: Ова е најслаткиот од трите вардарови Ф4 турнири!

Архитектот на успехот Роберто Гарсија Парондо веднаш по натпреварот, кој беше исполнет со тензија и мачни сцени, не го криеше задоволството и победата ја посвети на сите Македонци.

„Ова е чудесно. Завршнивме голема работа и за одиграното второ полувреме на момците треба само да им се честита. Лошо игравме во првиот дел во двата правци, но се соочивме во соблекувалната и сите ракометари беа решени да го покажат најдоброто издание. Победата е за сите наши навивачи во Македонија и овие кои ни дадоа подршка тука во Сегедин. Ова е најслаткиот „фајнал-фор“ од сите три“, заврши шпанскиот стручњак.

Овој пласман во полуфиналето е најголем успех во кариерата на младиот шпански тренер, кој дел од кариерата мина баш во ПИК Сегед. По патот на Талант и Раул и Роберто Гарсија Парондо ќе тргне по европска титула.

На 1 и 2 јуни целата земја ќе пулсира со „црвено-црните“ во обид за повторување на 2017 година и историската европска титула.  

Translate »