12 места кои мора да ги посетите во Македонија освен Скопје и Охрид, советува странски сајт
Битола, Преспа, Тетово, Демир Капија и уште 8 места во Македонија кои нудат нешто спектакуларно, без разлика дали тоа е природа или историја.

Сè повеќе туристи ја посетуваат Македонија, а со тоа осамнуваат и сè повеќе статии на странските сајтови и блогови со совети кои места мора да се посетат.
Многу од нив заклучуваат дека тоа што е во границите на нашата земја е апсолутно прекрасно и дека иако сме релативно мала европска земја има многу што да се види.
Места вредни за посета во Македонија, покрај Скопје и Охрид, предложени на блогот The Blonde Gypsy:
Битола – има подобар ноќен живот од Скопје и Охрид и има убава архитектура, историски места и природа како националниот парк Пелистер.


Демир Капија – е домот на вината, прекрасна точка за набљудување на птици и ја има прекрасната винарија Попова Кула.


Кокино – мегалитска опсерваторија во близина на селото Старо Нагоричане, стара 4.000 години и признаена од НАСА.


Кратово – автиентичен град со многу мостови, кули и тајни тунели и се смета за еден од најстарите градови на Балканот, а во близина е Куклица, местото со 120 камени кукли.




Крива Паланка – скриен во ридовите овој град го има магичниот манастир Свети Јоаким Осоговски со шарени фрески што го одземаат здивот.


Крушево – автентично мало гратче каде се чувствувате многу пријатно, го има споменикот Илинден и е родно место на најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески.


Преспа – има подеднакво импресивно езеро како што е Охридското, а покрај Преспанското Езеро има природа, прекрасни глетки и мир за мозокот.



Прилеп – е центарот на тутунот, има убава чаршија и го има прекрасниот манастир Трескавец.


Стоби – има живописно археолошко пронаоѓалиште, како и винарија со квалитетно вино.



Струга – е град со убави плажи на Охридското Езеро, многу кафулиња, продавници и е хит летно време.


Тетово – во него е една од најубавите џамии на Балканот Шарената џамија, како и многу други градби што раскажуваат историја


Велес – е мал град кој вреди да го истражите за да се искачите до некои од точки во него кои нудат спектакуларни глетки.


Целата статија прочитајте ја ТУКА!

