Туристичката сезона во Будва летово во полн сјај
Туристичката сезона е во полн ек, за што говорат и последните податоци од Туристичката организација на Општина Будва.
На будванската ривиера периодов престојуваат скоро 70.000 туристи, што претставува 94% во однос на 2019 година. Најбројни се туристите од Србија, Русија, Украина и Босна и Херцеговина.
Скоро 17.000 туристи се определија за сместување се определија за сместување во будванските хотели, а и понатаму најбројни се туристите од Србија, Украина, Русија, Босна и Херцеговина и Израел, но присутни се гости и од Франција, Полска, Турција, Германија, Италија, Албанија, Македонија, како и домашни туристи од Црна Гора.
Бројот на гости во хотелско сместување е за 5% повисок во однос на истиот период во 2019 година.
Во останатите видови сместување (хостели, кампови, одмаралишта) престојуваат околу 1.000 туристи.