Агим Горчај: Безбедноста и сигурноста при патувањето не дозволуваат компромис со квалитетот на авто деловите!

loading...

 

Интервју со  г. Агим Горчај, coпственик на Мега Ауто Партс .  

 

Славите јубилеј 20 години успешно работење на македонскиот пазар. Од денешна перспектива како ги оценувате? 

За секој успех, првенствено е потребно многу работа, труд и пред се јасна цел на долг рок. Ние во Мега Ауто Партс тоа го согледавме од самиот почеток, односно дека релациите со клиентите не се на краток рок, туку напротив долгорочни и базираат пред се на доверба и исксутво.  

Не може да има развој на долг рок ако не се вложува во своите вработени, со усовршување на услугите и во довербата на клиентите. Со повеќето клиенти имаме долгорочни партнерски релации, тие ни веруваат, а Ние се трудиме постојано да бидеме во тек со трендовите, и максимално професионално да ги услужиме.  

Мега Ауто Партс соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Р. Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во бизнисот со авто делови. 

 

20-те години се повод и за овогодинешниот Аутопартс експо 2018, саем за автоделови во Македонија. Кажете ни нешто повеќе за него?  

Ќе се одржи на 19 Мај во х. Мериот-Скопје со почеток во 12 часот. На него ќе се претстават 16 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa, но и од други делови од светот. 

Саемот е наменет за редовните и потенцијалните клиенти, како што се продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од  квалитетна понуда на авто делови. 

На него ќе се престават трендовите во индустријата на авто делови, присутните ќе можат да разменуваат исксутва со колеги од странство, и секако да воспоставатодредени бизнис релации. 

Која е главната порака која сакате да ја испратите? 

Дека квалитетните, оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот. Безбедноста и сигурноста при патувањето е нешто кое е бесценето. Токму поради тоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен реномиран  производител. Кога тие се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови со сомнително потекло од производство и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање. 

Дали ги следите трендовите на комуникација со купувачите, и што правите на тоа поле? 

Како компанија покрај следење на најновите трендови во индустријата на авто делови, ги следиме и светските пракси за комуникација со потрошувачите. Да им го олесниме процесот на купување, производите да ги направиме подостапни. Токму во таа насока Ние во Мега Ауто Партс имаме имплементирано можност за онлајн купување, преку нашиот функционален онлајн каталог кој е достапен на апликации за андроид и iphone. Интересот кај нашите потрошувачи е веќе голем за ваквиот начин на продажба, и ние и во иднина ќе размислуваме за нови форми на дигитална комуникација. 

Колку се важни вработените за успех на една компанија? 

На почетокот – тоа се квалитетни автоделови и услуги.  Без нив, се останато нема никаква смисла.  Но, кога тоа веќе го имате – следуваат вработените – тие се носечката сила на компанијата.  Инвестициите во нивниот развој и грижата за нив за нас е врвен приоритет.  А кај односите со клиентите – познати сме по својата флексибилност и прилагодливост.  Производите, вработените и релациите со клиентите се трите столба за успех на компанијата. 

 

Каде се имате продажни салони и што вклучуваат? 

Мега Ауто Партс е компанија со македонски капитал, формирана во мај 1998 година со седиште во Скопје. Основна дејност на Мега Ауто Партс е големопродажба и дистрибуција на авто делови во Р. Македонија, водена од бизнис идејата за застапување на оригинални резервни делови од германско потекло. Мега Ауто Партс располага адмнистративно-магацински простор од 600м2 за големопродажба, кој се наоѓа на ул. Kачанички Пат, бр.212 а и 10 малопродажни салони лоцирани во Чаир, Капиштец, во Тетово, Кичево, Охрид и Струга, со над 30.000 различни артикли  со проверен квалитет. 

 

Што би им препорачале на сите корисници? 

Да преферираат квалитетни и оригинални авто делови, бидејќи тие обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот. Безбедноста и сигурноста немаат цена, тие треба за секого да бидат врвен приоритет. Ние во Мега Ауто Партс се занимаваме исклучиво со увоз и дистрибуција на оригинални резервни делови за возила со врвен квалитет од големи автопроизводители кои се користат за прво вградување во возилата. На овој начин се избегнува сомнителното потекло на производите од компаниите кои препакуваат делови од повеќе производители и истите ги препродаваат под сопствено име. Ние на нашите клиенти им гарантираме делови со висок квалитет и сигурно потекло. 

 

Translate »