Луѓето во иднина ќе живеат 130 години
Луѓето во иднина ќе живеат 130 години, а ќе имаат тело и мозок свежи како во младоста, тврдат генетичарите. Генетската терапија може да биде клучна за подолг живот, и тоа не само во младо тело, туку и со подмладен ум, пишува N1info.
Научници од Универзитетот Харвард почнаа прелиминарни експерименти на кучиња од расата бигл и тврдат дека можат да ги подмладат животните со додавање нови ДНК „упатства“ во нивните клетки. Тие веруваат дека процесот може да се примени и на луѓе, пренесуваат научните списанија во светот.
Генетичарите ги засноваат своите истражувања на претходни трудови, кои покажале дека „вградувањето“ гени на едноставни организми како црвите и мувите може да го дуплира нивниот животен век. Некои постари истражувања покажале и дека давањето трансфузија на крв од млади глувци на постари глодари може да ги врати биомаркерите до одреден помлад степен.
Научниците порачуваат дека целта на тестирањата е човекот во иднина да има тело и ум како дваесетгодишник, а искуство на човек стар 130 години.