Мајка од породилиште си заминала со туѓо бебе, дури кога стигнале дома со сопругот им станало чудно
Во родилиштето на Клиничкиот Центар на Црна Гора се случи необична ситуација откако мајка е отпуштена со туѓо бебе.
Од Клиничкиот центар соопштија дека во иднинан при отпустот покрај мајката ќе присуствуваат и уште три лица од клиниката – еден неонатолог и две медицински сестри.
Откако го презеле бебето од акушерката и го напуштиле родилиштетот, родилката и нејзиниот сопруг воопшто не насетувале дека детето не е нивно, а првиот сомнеж се појавил кај таткото кој забележал дека бебето е многу ситно. Кога стигнале дома мајката го одвиткала новороденото девојче и забележала дека бројот на алките не им е ист.
Ја вратиле во родилиштето, каде во боксот ги чекало нивното дете.
Во Клиничкиот центар потврдиле дека се случила замена на бебиња.
-При отпустот медицинската сестра како и родилката, не забележале дека мајката и бебето немаат ист број. Пропустот настанал поради несовесна и неодговорна работа, зошто сестрата не се придржувала на процедурата и протоколот во врска со отпустот на родилки и новороденчиња. Наведениот пропуст веднаш е воочен и отстранет, соопштија од клиничкиот центар.
Директорот на Клиниката за гинекологија и акушерство, за настанот веднаш ја известил управата на Клиничкиот центар, а против одговорната сестра е покрената дисциплинска постапка, поради промена на работното место и суспензија.
Сличен случај имаше и во Скопје кога мајка од породилиште си замина дома со туѓо дете