Се исекла од лист хартија, а сега ќе и ги ампутираат екстремитетите
54 годишната Маргарит Хендерсон отпрвин не ја ни забележала раничка на палецот, со големина на исеченица од хартија. Отишла во аптека, дури откако раната малку се инфицирала. Таму ѝ рекле да отиде на лекар за да ѝ препише нешто. Но, поради невремето, кое тогаш ја зафатило Британија, Маргарит го одложила одењето на лекар за друг ден. Веке утредента, таа им се пожалила на ќерките дека не и е добро и оти се чувствува уморно. До вечерта добила треска, а усните и помодреле. Итно ја однеле во болница. Лекарите им рекле дека има сепса и дека органите почнале да ѝ откажуваат. Веднаш ја ставиле на дијализа и во состојба на индуцирана кома.
На ќерките им рекле дека мајка им ќе биде во кома седум дена. “Ни кажаа дека кога ќе се разбуди ќе и биде подобро. Но, откако помина неделата, лекарите повторно не собраа за да ни кажат дека на Маргарит ќе треба да ѝ се ампутираат дланките и петиците” раскажуваат нејзините деца.
“Бевме шокирани.Не очекувавме вакво нешто. Нашата мајка е динамична жена, секогаш во движење. Не знаеме, како ќе се адаптира на новата ситуација. Сепак, најважно е што е жива!”, велат ќерките.
Тие веќе планираат да собираат пари за протетички помагала, кои ќе и го направат животот полесен на Маргарит, која е и баба на едно внуче.