НОВАК ЃОКОВИЌ- 10 СОВЕТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Здравствени совети нa најдобриот тенисер во светот!

Новак Ѓоковиќ поради пандемијата со коронавирусот „Ковид-19“, одлучил врз основа на сопственото искуство со здрава исхрана и истиот начин на живот, да сподели десет упатства кои би можеле да послужат за зајакнување на организмот во борбата против оваа, и воопшто, други болести.
Тој дал совет како да се однесуваме и што да направиме за зајакнување на имунитетот и организмот и да го намалиме ризикот од добивање коронавирус.
Еве како гласат тие 10. совети:

1) “Зголемете го внесот на витамин Ц и цинк. Се препорачува меѓу 5. до 7. грама на ден витамин Ц а може и до 10. Ако најдете течен цинк, тој е подобар од другите форми. Во случај да не најдете течен цинк земајте 3 до 4 пати повеќе од вообичаената препорачана доза во таблетки.
2) Пијте врела вода со лимон и малку морска сол на празен стомак секој ден наутро (по желба додадете ѓумбир и свежи лисја од нане). Пијте топла вода со лимон неколку пати на ден. Се препорачува на празен стомак.

3) Пијте што повеќе зелени сокови и шејкови што е можно повеќе со зелен лиснат зеленчук (магдонос, спанаќ, кељ …). Зелениот лиснат зеленчук создава алкална основа во телото што уништува патогени и вируси кои опстојуваат во кисела средина.
4) Киселата околина е предизвикана од нездрава брза храна, стрес, загриженост, лутина, рафинирани шеќерни пијалоци, млечни производи итн.

5) Препорачливо е да консумирате мал дел од врвот од чешне лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, каенски бибер (еден вид лута пиперка).

6) Колоидната сребрена вода е исклучително ефикасна за имунитетот и борбата против отрови што ги имаме во организмот.
7) Различни видови чаеви и свежи билки се секогаш добредојдени. Особено планинскиот и чај од хибискус.

8) Поминете некое време на свеж воздух во природна средина (паркови, шуми, езера, реки, море, плажи, планини, ридови …) што нè лекува и не полни со оргонска, животна енергија која е клучна за живеење во изобилство на здравје и благосостојба на душата, умот и телото.
9) Правете вежби за дишење затоа што ова создава емоционална и ментална хармонија и мир што ви овозможува полесно да се справите со грижата, стравот и неизвесноста. Исто така, ги балансира метаболичките процеси клучни за оптимално здравје.

10) Смејте се повеќе, уживајте во музиката што ве исполнува и ве прави среќни. Бидете опкружени со драги луѓе со кои чувствувате големо присуство на љубов, просперитет и радост“, заклучил Новак Ѓоковиќ.

Да потсетиме дека Асоцијацијата на тениски професионалци има откажано седум турнири поради пандемијата на вирусот (што на Ѓоковиќ „ниту виновен, ниту должен“ ќе му даде поголема предност во однос на второпласираниот Рафаел Надал како и да го сруши рекордот на Пит Сампрас), па Ѓоковиќ на тениските терени, во натпреварувачкиот тенис, треба да се врати на 3 мај, на Мастерсот во Мадрид.


Translate »