Стојанче Ангелов-да има референдум за законот за јазиците
Генералот Стојанче Ангелов ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да покренат референдумска иницијатива за Законот за јазици и да ја достават до Собранието на Република Македонија. Тој во интервју за „Низ призма” вели дека ако опозициската партија тоа го стори, граѓаните ќе имаат можност да кажат дали овој Закон за јазици е добар или лош.
„Во Македонија генерално постојат две гледишта за носењето на Законот за јазици, едното е дека начинот на кој што се донесе Законот за јазици е неуставен, незаконски и со кршење на Деловникот на Собранието на Република Македонија, а другиот дека може и вака да помине. Не сум сигурен дека Законот вака смееше да биде донесен“- смета генералот Стојанче Ангелов.
Тој во интервју вели дека од овој Закон Македонија нема да пропадне, бидејќи како што нагласува во интервјуто Ангелов, Македонија издржала и полоши работи.