Макрадули: Нема судир на интереси со јавните набавки, не сум прекршил никаков закон

Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон ,некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години вели заменикот министер за животна средина Јани Макрадули за обвинувањата дека  компанијата чиј еден од сопствениците е неговата сопруга добила девет договори за јавни набавки во последните година и пол во вредност од околу 90 илјади евра пишува Канал 5

Компанијата се бави со  изработка и одржување на софтверски решенија.

Универзитетскиот професор Мирјана Најчевска вели дека роднините на функционерите не смеат да бенифицираат од нивните функции

Ниту еден функционер ниту член на неговото семејство не смее да бенефицира од вршењето на функцијата

Компaнијата  чиј еден од косoпствeниците е  сопругата на Макрадули двата најскапи тендери ги добила од Јавното претпријатие за државни патишта за превентивно и адаптивно одржување на ЕРП софтвер во времетраење од две години.

Translate »