Пријател на Еуцерин – Јелица Бајалска, адвокат, сопруга и мајка.

Мојата кожа долги години страдаше од дехидрираност особено во зимските периоди проследени со студено време. Долги години наназад, како паметам, уште од периодот кога бев средно училиште, дерматолозите константно ми предлагаа нови креми некои со помасна текстура, некои бебешки, некои и по нарачка ми ги правеа во самите аптеки, но за жал ефекти немаше или беа краткотрајни. Пред неколку години еден дерматолог дури и ми соопшти дека треба да се помирам со фактот дека кожата е склона кон дехидрација и дека тоа е состојба која ќе ја имам цел живот.

Eucerin Ph5 кремата за лице беше првиот крем за лице кој го пробав од овој производител и тоа сосем случајно додека престојував кај една другарка која живееше во Белград а која го користеше во тој период. Задоволна од првичниот ефект одлучив да го користам во текот на неколкудневниот престој додека бев таму и приметив совршени резултати. Кожата беше мека, еластична а порите воопшто не почуствував дека се замастуваат. Кога се вратив во Скопје си го купив и можам да потврдам дека е најдобрата крема која сум ја пробала.

Да бидам искрена, на моја огромна радост, проблемот со дехидрираноста го немам повеќе. Дури и во периодите кога не ја ставам на лице, кожата не ми се суши, но дефинитивно поубаво е негувана кога ја користам. Имам чувство дека оваа крема ми го подобри квалитетот на кожата и дека со користење на овој производ кожата ми стана поотпорна на надворешните влијанија. Особено ми се допаѓа фактот што оваа крема има многу лесна текстура, лесно се размачкува и брзо се впива, а како и сите останати производи на Eucerin кои сум ги пробала изработена е од балансирани медицински состојки, не содржи парабени или вештачки парфеми и, според мене е доста неутрална. Ви препорачувам сериозно да внимавате што користите за вашата кожа, уште побитно да се консултирате со дерматолог за типот на Вашата кожа, а понатаму да го одберете совршениот Eucerin  производ и да ги осетите ефектите на здрава и негувана кожа.

Translate »