5 Мистериозни личности во историјата
Човекот со железната маска
Неговото име и личниот изглед никогаш не биле откриени, а во историјата останал познат само како “Човекот со железна маска”, односно како “Број 64389000”.Човек со железната маска бил затвореник во злогласниот затвор во Бастилја во Франција, и се што знаеме за него можеме да му благодариме за бележникоткој го пишувал полковникот, Colonel Etienne du Junca. Неговите записи се најважен и најсигурен извор на информации што ги имаме за управувањето со Бастилја во времето на владеењето Луј XIV. Мистериозниот лик чиј идентитет е непознат, а криењето под железната маска стана легенда, како и предмет на многу митови и шпекулации, од кои најпопуларно е дека тој бил братот близнак Луј XIV. Кој е и да беше овој човек, важно е дека тој постоел, а повеќето историчари се согласуваат дека тој бил многу важна личност. Несреќниот затвореник умрел на 19 ноември 1903 година, а бил погребан под името Маријали.
Каспар Хаусер
На 26 мај 1828 година, на улиците на Нирнберг, Германија, се појавило момче за кое не се знаело неговото потекло, а кое со себе носело само еден писмо адресирано на Капетан фон Весенига (кој беше на чело на коњаницата).Анонимниот автор во писмото напишал дека момчето растело во мала ќелија и дека никогаш не видело друг човек, и дека знае да чита и пишува, како и христијанското вероучение, иако никогаш не излегло од дома. Во писмото се наведува и дека желба на момчето е да биде коњаник, а во пораката до Капетан фон Весенигу пишувало “обучи или обеси”.Откако почнаа да кружат гласини дека Каспар(момчето) е всушност, Принцот од Баден, кој бил сметан за мртов, момчето беше мистериозно убиено. Модерните историчари тврдат дека момчето, сепак, не бил принц, а неговото вистинско потекло останува тајна до денешен ден.
Господинот Чучани
Господинот Чучани е прекарот на визионерот, анонимниот и таинствениот јудејски учител, кој учел голем број високо ценети студенти. Многу малку е познато за Чучани, вклучувајќи го и неговото вистинско име.
Неговите почетоци, како и целиот негов животот, биле строго чувана тајна. Дури и на неговиот надгробен споменик пишува: “Мудриот рабин Чучани. Неговото раѓање и неговиот живот се заглавени во енигма. ”
Нема познато писмено дело што Чучани го остави зад себе, но оставил многу силно интелектуало наследство преку своите ученици. Од нив и ние знаеме дека Чучани имал огромно знаење за луѓето, науките, математиката, философијата и посебно Талмудот.
Беренгер Сониер
Bérenger Saunière беше римокатолски свештеник во француското село Рен-ле-Шато, сè до 1909 година, кога ја поднесе својата оставка. Бил независен свештеник , кој не добивал никакви пари од црквата.
Без пари, некако успеал да се справи и да ја врати својата стара црква, и одеднаш направил огромна луксузна вила и почнал да троши огромно богатство. Многумина тврдат дека Сониер пронашол многу важни историски документи, кои му донеле големо богатство преку ноќ, а станал и предмет на бројни легенди и митови, од кои многу од нив завршија во Ден Брауновиот бестселер “Кодот на Да Винчи “. Bérenger Saunière е дури поврзан и со приказната за “Светиот Грал”, бидејќи некои теоретичари сметаат дека токму тој го пронашол.
Модерните историчари пак тврдат дека овде не станува збор за Светиот Грал, тајни документи или пронајдено богатство, а Сониер бил обичен измамник кој го злоупотребувал својот статус на свештеник со тоа што луѓето испратиле пари по пошта за да служи миса за нив. Едно е сигурно, животот на Беренгер Сониер е опкружен со мистерија и бројни митови и легенди … а вистинската историја најверојатно никогаш нема да ја знаеме.
Двете зелени деца
Во 12-тиот век во селото Woolpit u Suffolku, Велика Британија, се појавиле брат и сестра кои имале зелена кожа, јаделе само лушпи од грашок и зборувале на некој сосема непознат јазик. Никој не знаел од каде дошле, момчето станало депресивно, а потоа и починало. Девојчето било со добро здравје, и на крајот почнало да јаде друга храна и со тек на време ја загубила зелена боја. Кога научила англиски, таа објаснувала дека доаѓа од “Земјата на Свети Мартин”, која според нејзините раскажувања било темно место, бидејќи таму сонцето не излегувало. Таа тврдела дека со својот брат чувала стадо овци од својот татко, почнале да ја следат реката и забележале светлина и слушнале звук, апотоа се нашле во Woolpit. Денес, никој не знае од каде е потеклото на “зелените деца”, а некои од популарните теории гласат дека децата доаѓаат од “Земјената Земја”, паралелни димензии, или дури од други планети.