Америка е на работ на граѓанска војна, предупредување на познатиот милијардер

Американскиот милијардер, основач на инвестициската компанија “Bridgewater Associates”, Реј Далио на „Твитер“ напиша дека Соединетите Американски Држави се на работ на граѓанска војна.

„Верувам дека сме на работ на страшна граѓанска војна (како што опишав во серијата „Менување на светскиот поредок“), каде сме на пресвртница помеѓу влегувањето во пеколот на борбата или повлекување, за заедно да работиме на мирот и просперитетот“, напиша Далио.

Тој истакна дека е прашање дали тоа ќе го постигне претседателот и двете партии и додаде дека убавите зборови и добриот дух не се доволни.

„Луѓето ќе мора да се сложат а „правењето на колачот“ и како да го поделат, а тоа ќе побара едни револуционерни промени“, напиша милијардерот.

Далио оцени дека Соединетите Американски Држави се уште се во „страшна финансиска состојба“ и дека се и натаму „ужасно поделени“, но исто така нагласи дека му се допаднало тоа што го слушнал од новиот претседател Бајден на инаугурацијата.

Translate »