Ново поскапување на горивата
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,50 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 60,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе се зголеми за еден денар на 49 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,539 денари за килограм и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 29,906 денари за килограм.