Жешки наслови од регионот: Вучиќ прогласи убедлива победа, Будва е град на духови, на грчките бродови не се почитува ниедна мерка…
(22 јуни 2020) Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи убедлива победна на изборите, во Будва речиси да нема туристи, Димитров е позитивен на коронавирус по учеството на Адрија Тур, а Ѓоковиќ одбил да се тестира откако се дружел со Бугаринот. Ова се најжешките наслови од регионот.
Србија1. Партијата на Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите2. Ѓоковиќ одби да се тестира откако се дружел со позитивниот Димитров3. Вучиќ и Тачи склучиле таен договор, Гренел посредува4. Чартер летовите од Србија кон Грција, Шпанија, Турција и Египет тргнуваат на 1-ви јули5. Ситуацијата со коронавирусот во Белград е загрижувачка, во јули и се заканува нов бран на цела Србија
Грција
1. На бродови и барови во Грција не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19
2. Грчки началник се заканува: Секој што ќе стапне на грчка територија прво ќе го запалиме па ќе прашаме кој е
3. Вo Грција регистрирани 10 нови случаи на Ковид- 19
4. Над 100 српски туристи наместо на плажите го Грција, завршиле во карантин
5. Грчкиот туризам од 544 ”падна” на 7 милиони евра заработка
Албанија
1. Албанија утре го воспоставува меѓународниот поморски транспорт на патници
2. Во Албанија расте бројот на новозаразени од Ковид-19
3. Албанија на дното според куповната моќ
4. Албанија има масовна миграција, само лани 44 000 граѓани ја напуштиле земјата
5. Црна Гора повторно ја затвори границата со Албанија
Бугарија
1. Борисов на шпионските фотографии спие во туѓа спална соба
2. Бугарски работници се вратиле во Бугарија откако работеле во кланицата во Германија која е жариште на Ковид-19
3. Бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен со коронавирусот по учеството на Адрија Тур
4. Во ЕУ најевтина за живот е Бугарија
5. Ван ден Берг за „расистот и националист“ Џамбаски: Договорот за пријателство направи чуда
Хрватска
1. Загреб повторно се тресеше, нов земјотрес по полноќ, земјиштето на хрватската престолнина не се смирува
2. Хрватска ги враќа рестриктивните мерки
3. Силно невреме во Далмација – поплави по улиците
4. Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот на кој тенисер е позитивен на коронавирусот
5. Борна Чориќ заразен со коронавирус по учеството на Адрија Тур
Црна Гора
1. Уапсените свештеници во Никшиќ и Бар пуштени по информативниот разговор со полицијата
2. Празни плажи во Црна Гора, во Будва 20 пати помалку туристи од истото време минатата година
3. Црна Гора повторно ја затвори границата со Албанија
4. Ѓукановиќ распиша парламентарни избори за 30-ти август
5. Во Црна Гора владее страв од намалување на платите
Словенија
1. Спасени 22 мигранти од задушување во камион со српски регистарски таблички
2. Ќе се дигитализира образовниот процес во Словенија
3. Казната на Агрокор намалена од 53 на еден милион евра
4. Словенечкиот премиер ретвитна дека “сите пари од „Рекет“ завршија кај Заеви”
5. Во Словенија шест новозаразени со коронавирусот, две од нив се деца
Босна и Херцеговина
1. Реката Тиња се излеала од своето корито, сопрен сообраќајот, а се појавиле и свлечишта
2. Во БиХ 77 новозаразени со коронавирусот
3. Хрватска враќа патници од Босна и Херцеговина
4. Босна, заедно со Албанија, најсиромашна во Европа
5. Босна ќе враќа милионски долг од Југославија