Издадена тревога за цунами по земјотресот во Грција
Тревога за цунами била издадена денеска на брегот на Средоземно море по земјотресот од 6,8 степени во Грција, соопшти Европскиот сеизмолошки центар. „Нивото на морето се менува во близина на Грција и се формира цунами“, се наведува во пораката испратена на Твитер. Се страхува дека брановите би можело забрзано да пораснат и затоа е побарано од луѓето да останат подалеку од плажите. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри. Следувале и неколу последователни помали земјотреси.