Нова серија земјотреси го тресеше тлото во Петриње
Серија од пет земјотреса повторно ја стресоа централна Хрватска. Најсилиот од нив бил кај Петриња, а според првите проценки магнитудата е 4,1 степен по Рихтер, а бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот се случи во 4.55 часот и се почувствувал и во Загреб.
Проценката на институтот Геофон е дека интензитетот бил 4,1 степени според Рихтер, а според ЕМСЦ магнитудата била 3,4 степени со епицентар на околу два километра од Страшник, околу пет километра од Петриња.
На ЕМСЦ има многу коментари од граѓани кои го почувствувале земјотресот и според нив може да се заклучи дека бил почувствуван и во Загреб, Бановина, Бјеловар, Крижевци, Велика Горица и Копривница.
Само десет минути подоцна се случи послаб земјотрес кај Карловац со магнитуда од 2,7 степени, со епицентар 17 километри североисточно од центарот на градот.
Првиот од низата земјотреси бил во 3 часот и 45 минути.