Што се крие „зад“ куќичките кои во Италија се продаваат по 1 евро и колкави се трошоците? Вака изгледаат однатре…
Оној кој што ќе купи куќа од едно евро, ќе мора да вложи во неа, и тоа илјадници, илјадници евра…
Се сеќавате на куќичките од Италија, во кои што со децении никој не живее, а кои што се продаваат по 1 евро? Таа „акција“ ја покренала локалната самоуправа, за некои делови од земјата да „оживеат“, односно жителите повторно да се вратат таму.
Трендот на миграциите од селата во големите градови датира одамна, а само во градот Самбука бројот на жители се намалил за 30 отсто во последните 70 години. Сега италијанските власти имаат начин како „да ги намамат“ новите жители да се вратат таму.
Оној кој што ќе купи куќа за едно евро, ќе мора да вложи во истата, така што има многу „скриени“ трошоци при купувањето на куќа од едно евро.
Еден Јутјубер решил да открие како изгледаат тие „фамозни“ недвижнини.
Видеото се нарекува „Buying World’s Cheapest House (Only $1.19)!“. Од месец октомври до денес, видеото е прегледано 1,7 милиони пати.
Јутјуберот и неговите пријатели го посетиле градот Самбука, кој што е најпознат по продажбата на куќи за 1 евро, а кој што е оддалечен 68 километри од Палермо.
Улиците во градот се многу тесни, а зградите/куќите се збиени една до друга. Можеби на некој сето тоа му делува архаично, особено поради калдрмата…
Двајцата Јутјубери се сретнуваат со еден од креаторите на програмата „Куќа за едно евро“, а тој се вика Џузепе.
Кампањата која што ја покренаа е успешна, поради што околу 20 италијански градови почнаа да го следат нивниот пример. Еден регион понуди да му даде 27.000 долари на оној кој што ќе се пресели таму и ќе покрене свој бизнис.
На интернет воглавно гледаме екстериери, но како куќите изгледаат однатре?
Кон крајот на јануари 2019 година, Мередит купила италијанска куќичка за едно евро. Таа е Американка, но нејзиното семејство е по потекло од едно сицилијанско село.
Просторот во куќата е голем, погледот од терасата е прекрасен, како да сте на сцена од некој филм, но – колку сето тоа чини и дали се исплаќа?
Барањата се следни: мора да ја реновирате куќичката во рок од три години и минимум да потрошите 17.000 евра на уредување, а куќата мора да биде функционална – така што во неа ќе може да живее едно семејство.
Потоа го добивате депозитот назад, кој што изнесува 5.859 долари за куќа од 1,19 долари, се наведува во видеото. Исто така се споменуваат и трошоците во текот на летото, а изнесуваат 10.000 долари.
Погледнете го видеото за повеќе информации: