Мухиќ: Цар Самоил е Ерменец, а своето царство го основал на македонска територија ВИДЕО
Универзитетскиот професор, Ферид Мухиќ вечерва во „Само интервју“ на Канал 5, зборувајќи за бугарското вето рече дека е апсурдно да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување содржано и во Конвенцијата за човековите права.
– Бев вџашен од мотивот за бугарското вето. Ако не го сменевме името доброволно, ќе ни беше наметнато. Со промените, до 7 век немаме наша историја, а од 7 век некој сака да покаже дека историјата ни е заедничка со Бугарија, нешто за кое не треба да се разговара. Јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со ЕУ, и тоа е несфатливо. Ги слушнавме експлицитите кои говорат дека до 1944 сме биле Бугари, а потоа Македонци. За ваквите прашања не се разговара. Правото на самоопределување е суверено, а ова од Бугарија е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права. Иван Асен Втори е подемот на бугарската историја кој трае околу една деценија и присуство на Бугарија во Македонија, додека Цар Самоил е Ермен и своето царство го основал на македонска територија. Не треба да заборавиме дека до 1911. година, Турција беше тука. Оттаму, немаме никаква заедничка историја до 1911. Ова е без преседан. Секој кој ќе прифати дека е нешто, тоа е апсолутно релевантно. Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан – рече Мухиќ.