Фестивалот Golden Drum ги објави финалистите за 2023 година

Жирито ги одбра финалистите на овогодинешното издание на фестивалот Golden Drum. Дополнително, жирито на Young Drummers исто така одбра и финалисти кои ги импресионираа со нивните креативни решенија на брифот со наслов „Состанок со ремек-дело“ (A Date with a Masterpiece). Победниците ќе ги дознаеме на 10 октомври, кога ќе се одржи Golden Drum Awards шоуто, овозможено од Mastercard.

Фестивалот Golden Drum ќе започне вечерта на 9 октомври, со голема забава за отворањето. Следниот ден делегатите ќе имаат можност да уживаат во инспиративни сесии, креативни поставки и нетворкинг под топлото сонце во Порторож.

Објавени финалистите на натпреварувачкиот дел

Разновиден панел на жирито, предводен од врвни професионалци од различни краеви на светот, ги одбра финалистите за петте натпреварувачки секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Business Excellence DrumCreative Media Excellence Drum, како и специјалната награда за All Juries Section.

Жирито на Young Drummers Competition ги одбра финалистите на креативните решенија во формат на постер или серија постери, поднесени од учесници од целиот свет.

Миха Бевц и Шпела Левичник Облак, директори на натпреварувачкиот дел, ги истакнаа нивните размислувања за претстојниот фестивал: „Golden Drum уште еднаш успеа да ги донесе на едно место сите овие интернационални професионалци од различни земји и позадини, за да бидат судии на овогодинешните пријавени проекти. Со зголемување на бројот на пријави, жирито имаше се’ потешка работа. За време на сесиите во кои ги одбиравме победниците, слушнавме многу уверливи приказни и аргументи, кои резултираа во наградување на најдобрите проекти од регионот. Членовите на жирито беа инспирирани, не само од работата, туку и од различната перспектива која секое од креативните решенија успева да ја понуди.

Golden Drum уште еднаш ја потврди својата позиција како еден од седумте регионални фестивали во светот кои се вклучени во WARC ранкингот – што претставува значајна креативност која ги води бизнисите напред и подразбира врвен квалитет на работа. Огромна благодарност до сите членови на жирито и честитки до сите оние кои успеаја да се најдат на листите со кандидати. Многу сме возбудени да дознаеме кои од испратените дела и идеи ќе бидат симбол на одличноста во годината која следува. Ајде да ја прославиме најдобрата работа во регионот на Golden Drum наградното шоу на 10 октомври. Се гледаме во Порторож, Словенија!“

Golden Drum фестивалот ќе ги прослави победниците на Наградната церемонија, овозможена од Mastercard, на 10 октомври во 20:00 часот (CET)

Кулминацијата на Golden Drum ќе биде специјалниот гала настан, на кој ќе биде прославена исклучителната креативност на 2023. Оваа специјална прилика ќе послужи да се прогласат добитниците на неколку престижни награди, вклучувајќи го и победникот на Young Drummers Competition, овозможено од Словенечкиот туристички борд. Исто така, ќе бидат објавени и добитниците на Bronze, Silver, Golden и Grand Prix Drums, а ќе бидат прогласени и добитниците на наградите Brand Grand Prix, Best of Social Good, Best of Genius Loci, како и новата Game Changer награда, овозможена од Telemach Словенија.

Дополнително, ќе им биде оддадено признание и на агенциите кои заслужено го добиваат насловот на Adriatic Agency of the Year, овозможено од Zavarovalnica Triglav, Independent Agency of the Year, поддржано од Allfred.io, Agency of the Year, Production Agency of the Year, Digital Agency of the Year, Media Agency of the Year, овозможена од BH Telecom. Исто така, ќе обрнеме внимание и на наградата Creative Director of the Year, овозможена од Elan и ќе го објавиме добитникот на наградата Network of the Year.

Возбудата вечерта ќе ја заокружиме со посакување добредојде на нов член на Golden Drum Hall of Fame, Каталин Добре, ко-генерален директор и Главен креативен директор на McCann Worldgroup Romania и Регионален креативен директор на McCann, CEE.

Погледнете ја целосната листа на финалисти на натпреварувачкиот дел од Golden Drum 2023 и финалистите од Young Drummers Competition: https://goldendrum.com/showcase

Датуми и информации за настанот

Golden Drum Awards Show овозможено од Mastercard: 10 Октомври од 20:00 часот (CET)
Golden Drum Жири: https://goldendrum.com/competition/juries
Golden Drum Програма: https://goldendrum.com/program/monday
Golden Drum Festival Pass: https://goldendrum.com/attend/fees-and-payment

Translate »