Лондон, Париз, Њујорк извинете но Скопје ја има Ботаника Урбана Кафана!
Во Македонија има неколку ресторани за кои може да кажеме дека се врвни,еден од нив е Ботаника Урбана кафана.
Го одбирам овој ресторан, затоа што на едно место може да најдете убав амбиент, врвна услуга и мајсторски подготвена храна. Се гледа дека рецептите се внимателно бирани!
Oвде ќе пробате храна која не сте ја пробале на ниту едно друго место во градот, заслужна за тоа е Софка Камиловска главната готвачка. Во разговор низ насмевка ни кажа дека менито се состои од храна подготвена со многу љубов, и додаде,, Ние навистина ја сакаме храната и сакаме истото да го чувствуваат и гостите кога ќе ја посетат Ботаника“.
На менито има Фета во фурна со медени смокви, шкампи обвиени со сланина, италијанска поркета врз пире компир, бифтек ќебапи со пепер сос, колач од морков, долг е списокот на одлични специјалитети, кои ќе ги задоволат и најпребирливите.
Место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е изборот на храна во прашање. Место каде барем на неколку часа ќе се почувствувате навистина убаво и светски! А спомените сигурно ќе траат долго.
Лондон, Париз, Њујорк извинете но Скопје ја има Ботаника Урбана Кафана!