Како да спречите појава на “пролетните акни”

Со повисоките температури често се менува и изгледот на нашата кожа. Секогаш се надеваме дека сончањето во летниот период ќе ни даде секси тен поради кој ќе изгледаме супер и без шминка, но од време на време и високите температури често резултираат со мрсна Т зона и акни на лицето и телото.

Изборете се со акните и од внатре, односно јадете храна полна со пробиотици и зелен зеленчук.

 

За да ја спречите појавата држете се до овие правила:

– Јадете многу пробиотици и зелен зеленчук

– Обидете се во целост да одбегнувате благо и газирани сокови

– Често перете ги перниците

– Снабедете се со посилен лосион за чистење на лицето, со состојки против акни , го препорачуваме Еуцерин Dermo Pure

– Со марамици за чистење неколку пати дневно бришете го мобилниот

– Пијте барем 2 литри вода дневно

– Не стрижете шишки

– Престанете да ги стискате акните и црнките

– Правете пилинг еднаш неделно

Кожата помни велат дерматолозите. Секоја грижа или негрижа влијаe врз изгледот!

 

Translate »