Нови наслови за врвна возбуда: Ноемвриска забава со SkyShowtime
Овој ноември SkyShowtime ја зголемува листата на содржини со многу нови и интересни наслови, филмови и серии, кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание. Пронајдете го и вие вашиот избор помеѓу возбудливите наслови што ќе вклучуваат хит серии, мистериозни драми и блокбастер филмови.
Ноемвриската постава на SkyShowtime е исполнета со разновидни и привлечни приказни.
Постојана забава со најпопуларните серии
Fleeting Lies е серија што зборува за животот на Лусија еден месец пред свадбата и непосредно пред да биде назначена за директор на компанија. Лусија (Елена Анаја) е изневерена од Санти (Ким Гутjерез), ривалот за унапредувањето. Поради ова, Лусија е обвинета за индустриска шпионажа и ја отпуштаат од работа без колебање. Одеднаш, таа се соочува со огромна дилема: како да им каже на Басилио (Хуго Силва), нејзиното момче, и на неговите деца дека кариерата ѝ тргнала надолу и уште полошо дека повеќе нема да ја зема платата од која зависи целото семејство.
„Fellow Travelers“ е серија на кандидатот за Оскар, Рон Нисвонер (Philadelphia, Homeland), заснована на романот од Томас Мелон, Fellow Travelers е импресивна љубовна приказна и политички трилер што зборува за кревката романса меѓу двајца многу различни мажи. Мет Бомер го игра харизматичниот Хокинс Фулер, кој одржува кариера во политиката зад сцената. Хокинс се запознава со Тим Лефлин (Џонатан Бејли), млад човек полн со идеализам. Започнуваат романса додека Џозеф Меккарти и Рој Кон објавуваат војна против субверзивните и сексуално изопачените, со што започнува еден од најмрачните периоди во американската историја во 20. век.
Серијата „Special Ops: Lioness“ исто така од кандидатот за Оскар, Тејлор Шеридан, Special Ops: Lioness се заснова врз програма од реалниот живот и ја следи Круз Мануелос (Лаисла де Оливеира), непрефинета, но посветена млада маринка ангажирана во тимот „Лајонес“ за да помогне за соборување на една терористичка организација одвнатре. Зои Салдана ќе ја игра Џо, шефицата на станицата од програмата „Лајонес“ одговорна за обука, управување и водење на тајните оперативки. Играат и Мајкл Кели, Морган Фримен и Никол Кидман.
Разновиден филмски избор
Во ноември SkyShowtime ќе има и импресивна низа филмови. „Infinity Pool“ ги носи добитниците на Еми: Александар Скарсгард и Клеопатра Колман на совршен одмор кој станува трагичен, принудувајќи ги во свет на нулта толеранција за криминал. Овој трилер ќе биде прикажан на 27 ноември.
Филмот “The Super Mario Bros. Movie“ ги оживува саканите ликови од Нинтендо Марио и Луиџи во урнебесна авантура за да ја спаси принцезата Пич од озлогласениот Боузер. Достапен на SkyShowtime од 5-ти ноември, ова е филм создаден и за гејмерите и за гледачите на филмови.
Во филмот „Renfield“, Николас Хулт глуми како лојален слуга на Дракула во една денешна приказна за чудовишта. По векови ропство, Ренфилд бара живот надвор од сенката на Принцот на темнината. Овој ексклузивен филм на SkyShowtime ќе има премиера на 19-ти ноември.
Реално шоу
На крајот, истражувајте во животот на едно од најпознатите холивудски семејства во „Семејството Сталоне“. Трикратниот номиниран за Оскар® Силвестер Сталоне ги отвора вратите на својот живот со своите три ќерки, неговата сопруга и себеси во оваа нова серија. Тој нуди поглед во неговиот свет на едно од најпознатите семејства во Холивуд, со нови епизоди секоја недела.
Со толку разновидна и возбудлива програма, стриминг платформата SkyShowtime ги исполнува очекувањата независно дали се работи за серии, филмови или ѕиркање во животите на холивудските легенди.