Талибанците убија најмалку 15 граничари во Авганистан
Најмалку 15 граничари се убиени денеска од талибански бунтовници при напад врз мал пограничен објект во авганистанската провинција Кундуз, соопштија локалните власти.

Во понеделникот при напад на талибанците во провинцијата Фараб, исто така во северниот дел на Авганистан, беа убиени 13, а повредени 20 припадници на авганистанските безбедносни сили.

