Атлантик Група стратешки вложува во иднината на дистрибуцијата: Во Скопје е отворен најсовремено опремен складишно-дистрибутивен центар

Атлантик Група вчера и официјално го отвори новиот, современо опремен дистрибутивен центар во Скопје, кој обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочен развој на дистрибутивната дејност. Инвестицијата во изградба и опремување вредна околу 12 милиони евра е реализирана во соработка со партнерската компанија Вичишки, во период од 18 месеци. Она што го прави проектот особено интересен се неговите амбиции на полето на дигитализацијата на магацинското работење, така што новиот логистичко дистрибутивен центар е вистински полигон за тестирање на новите технологии кои се веќе инсталирани или се во процес на имплементација.

Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик Група, Долорес Вишичка, генерален директор на инвестициската компанија Вичишки, Среќко Накиќ, потпретседател на Атлантик Група за дистрибуција и Перица Вичишки, извршен директор на Атлантик Трејд Скопје.
 

Новоизградениот објект ги обединува вкупните складишни капацитети на Атлантик Група на подрачјето на Скопје и е централен логистички центар за македонскиот пазар. Оптималната географска локација, земајќи ги предвид сите значајни елементи  за обезбедување на деловната исплатливост на проектот (транспортни растојанија, трошоци и сл.), беше пронајдена во многу пропулзивната индустриска зона на населбата Илинден во околината на Скопје.

Развојот на дистрибутивниот бизнис е еден од столбовите на стратегијата за раст и развој на Атлантик Група, компанија која потрошувачот го става во фокусот на своето работење, а поддржан преку имплементација на современи дигитални решенија. Така на пример, на новата локација, современи софтверски решенија ќе управуваат со влезот на производи и возила, оптимално организирајќи ги производите во магацинот преку „виртуелизација“, која создава логично одвоени простори за складирање во еден физички простор и испорака на производите до клиентите, преку целосно дигитализиран канал за дистрибуција без употреба на  хартија.

Translate »