(Фото) Жената која ја нарекуваат божица на убавината, сакала „да пропадне во земја“ од срам кога папараците го уловиле ова…
Музичката ѕвезда Никол Шерцингер, која ја носи титулата за најзгодната жена на планетата, имала неочекуван проблем со фустанот кој го избрала пред гостувањето во емисијата „Sherri Shepherd show“.
Никол Шерцингер за гостување во емисијата избрала елегантен црн фустан со бели точки и висок изрез. Фустанот кој е совршен за нејзината фигура, сепак ѝ задавал проблеми.
Пред да влезе во студио, на пејачката ѝ паднала едната прерамка од фустанот, која открила дека на градите носи силиконски фластер. Пејачката наместо градник, за сето тоа да изгледа перфектно, ги избрала познатите „држачи за гради“.
Ниската пунџа, црвениот кармин и црните очила за сонце, дополнително го зачиниле изгледот на Никол Шерцингер.
Во текот на гостувањето во емисијата открила дека во Лондон снимила нова песна, бидејќи не објавила ништо ново уште од 2014 година.