Изградба на куќа е најисплатливата инвестиција од аспект на вложените средства
За повеќето луѓе прашањето за семејното домување претставува една од најзначајните животни одлуки, пред се поради тоа што во најголемиот број случаи претставува долгорочна инвестиција.
Како и секој друга инвестиција, изградбата на куќа или купувањето на стан не е без ризик. Затоа, пред да донесете конечна одлука, многу е важно добро да размислите каде и како ќе ги инвестирате вашите пари.
Едно е сигурно, инвестирањето во недвижен имот сеуште е најдобрата инвестициона опција за граѓаните во земјава покажа неодамна спроведеното истражување на реномираниот бизнис портал Бизнисвести.мк.
Анкетата во која партиципираа над 1600 луѓе, се однесуваше на испитување на јавното мислење во однос на тоа кои се најефикасните инструменти за инвестирање во нашата земја. Преку 47,1% од нашите читатели сметаат дека нивните инвестиции би биле најсигурни во недвижен имот. По ова следуваат банкарските депозити со 20,7% и животното осигурување со 18,8%. Според одговорите, хартиите од вредност имаат најмала доверба кај граѓаните. Погледнете ги целосните резултатите од истражувањето.
Истражувањето покажа дека инвестирањето во недвижен имот, во енергетско ефикасен објект, квалитетно изведен, е највредната опција за вложување. Граѓаните се чувствуваат најсигурни кога вложуваат во стан, за кој веруваат дека никогаш нема да изгуби на вредност, но доколку имаат приватно земјиште особено се сигурни дека изградбата на нова куќа е нешто најисплатливо инвестиција, од аспект на споредба на вложеното и добиеното. Имено со буџет од 60-70.000 евра може во просек да се купи најмногу стан од 60 м2, додека со тој буџет да изградите куќи најмалку со дупло поголема квадратура, ако не и повеќе. Да изградите куќа според вашите специфични потреби и желби, прилагодена на секој член од семејството. А предноста од живеењето во куќа со двор особено доаѓа до израз овие денови кога поради Корона19 треба да останеме дома.
А ако тоа е куќа која е изградена по сите стандарди, тогаш добивате недвижен имот со долготрајна вредност.
А кога сме веќе кај куќите треба да се напомене дека во последно време во ЕУ земјите особено се популарни монтажните дрвени куќи како трајни објекти за постојано живеење во урбаните градски средини. Значи не само за викендички, или за на планина.Овие објекти се категоризирани како високо енергетски, еколошки и се според ЕУ препораките за тип на домови кои не загадуваат. Дури се оди до таму што овој тренд се поистоветува со трендот на раст на хибридните автомобили, како нешто што е дел од нашата блиска иднина.
Во нашата земја можеби со помал обем, но последниве години благодарение на компанијата Гео-Инг исто така можат да се забележат модерни монтажни дрвени куќи, објекти со дрвени фасади, репрезентативни објекти каде дрвото како градежен материјал има широка примена. Тоа се најчесто новоградби или реновирани објекти, на кои дрвото “има дава нова димензија и топлина”, ги прави модерни, економични и еколошки, објекти кои се на долг рок исплатливи за одржување. Покрај бројните функционалности кои ги обезбедува дрвото како материјал, еден од главните аргументи зошто треба дрвените монтажни куќи сериозно да се земат во предвид кога сакаме да градиме, е брзината на нивна изведба и многу пониските крајни трошоци.
Дрвените монтажни куќи во најмала рака обезбедуваат три функционални работи: намалена потрошувачката на енергија, зголемена заштеда на пари и придонес кон заштитата на животната средина.
Денешните дрвени монтажни куќи се современи, економични при експлатација, еколошки објекти кои можат да одолеат на ветер, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност дури и при силни земјотреси и движење на земјиштето. Истите се создаваат така што прво се изработуваат составните делови (дрвените панели), кои потоа се пренесуваат до местото каде се гради куќата, и се спојуваат на лице место. Целиот процес трае неколку дена. Благодарение на новите технологии и високо квалитетни материјали кои се употребуваат, нивниот квалитет постојано се подобрува. Имаат одлични изолациони и естетски карактеристики, што е причина монтажните куќи полека но сигурно, се повеќе да ги истиснуваат традиционално градените куќи, велат од компанија Гео-Инг