Град колку лешник ги погоди и поплави Стајковци и Црешево (ВИДЕО)

Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот регион, пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.

– Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци – изјави Ѕвонко Томевски, командир на противпожарна заштита на Скопје.

 

Невремето, во одредени делови од Скопје предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни врнежи за попладне се очекуваат во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во земјата наврнало во Куманово 21 л/м2, во Маврово и Ѓуриште 14, во Битола 11, во Пожаране и Претор 10, во Струмица девет, во Прилеп и Скопје – Зајчев рид осум, Дојран и Тетово седум литри на метар квадратен…

Stajkovci se e belo..:(

Posted by Biljana Josimovska on Sunday, May 6, 2018

 

prezemeno od Vecer

Translate »