Зошто е важно да се третираат симптомите на настинка како да имате ковид 19?
Течење на носот, болка во грлото и настинка треба да се третираат како потенцијални симптоми на инфекција со коронавирус, апелираат британските лекари.
Група од 140 матични лекари од Лондон испратиле отворено писмо до главниот медицински советник на владата, Крис Вити, во кое бараат заедничките симптоми кои ја придружуваат сезонската настинка да се додадат на списокот на можни симптоми на инфекција со коронавирус. Тие исто така предупредуваат дека игнорирањето на овој предлог може да му наштети на здравјето на Британците, бидејќи, како што наведоа во писмото, луѓето со лесна инфекција ненамерно ја шират болеста, сметајќи дека станува збор само за сезонска настинка.
– Овие пациенти честопати не ни помислуваа дека имаат ковид 19 и не се изолираа во клучните денови кога беа најмногу заразни – рече д-р Алек Сохал.
Кампањата во Велика Британија се фокусира на кашлица, треска и губење на мирис или вкус како симптоми за кои треба да се внимава – само пациентите со овие симптоми можат да бидат тестирани за вирусот корона. Општите лекари мораат да ги советуваат пациентите да бидат неискрени за да бидат тестирани за САРС-CoV-2.
– Од витално значење е сега да ја промените дефиницијата за случајот коронавирус и критериумите за тестирање за да ја вклучите настинката. Кажете и на јавноста, особено на оние кои треба да одат на работа и на нивните работодавци, дека дури и оние со лесни симптоми (не само кашлица, треска и губење на чувство за мирис или вкус) не треба да излегуваат надвор, особено во првите пет дена кога најверојатно се заразни. Ова ќе ни помогне, бидејќи kovid-19 станува се повеќе и повеќе ендемично во светот. Игнорирањето на ова ќе биде на голема штета.
Британските лекари додадоа дека според дефиницијата на Светската здравствена организација, инфекцијата со вирусот корона вклучува и други симптоми како што се течење на носот, болки во грлото, повраќање и дијареја.