Видео: Професорка за време на онлајн предавање “фатила“ студенти како имаат секс
Поради пандемијата од коронавирусот, се затворија многу објекти и образовни институции, но училиштата и компаниите сè уште успеваат да изнајдат начин да работат преку интернет комуникација.
На еден универзитет во Сиднеј, дел од предавањата се одвиваат во живо, а другиот дел за студентите кои се во самоизолација, се одвивиа онлајн.
Професорка на Правен факултет фатила двајца студенти како имаат секс за време на онлајн настава, а аудио-записот од предавањето многу брзо се прошири на социјалните мрежи, пренесува „Mirror“.
Професорката го запрела предавањето на 5 минути, за да се соочи со ситуацијата и прилично вознемирено рекла дека треба да ги дезинфицира очите после она што го видела.
„Одиме на следната лекција.. Ох, Боже“, се слуша гласот на професорката.
Открила дека ова не е првпат вакво нешто да се случи за време на нејзините предавања. Иако студентите кои не виделе што се случува ја молеле да открие за кого станува збор, таа сепак не го направила тоа.
Студентите почнале да се шегуваат на сметка на ситуацијата во една Фејсбук група, наречена „MQU Love Rants“.
Од Универзитетот „Macquarie“ исто така ја искоментирале ситуацијата.
„Уиверзитетот е свесен за наводниот инцидент и предавачот преземал правилни мерки за справување со истиот во тој момент. Ги потсетуваме студентите на нашиот кодекс на однесување“, порачале од Универзитетот.