Топењето на мразот на Арктикот е зголемено за 60 проценти во последните дваесет години
Европската вселенска агенција (ЕСА) предупредува дека мразот на Северниот пол се топи со рекордна брзина како резултат на климатските промени. Тие забележале дека стапката на топење на мразот се зголемила за речиси 60 проценти глобално во период од 23 години, колку што траело нивното истражување. Своите нови сознанија ги објавија во стручното списание „Криосфера“.
Авторите на студијата тврдат дека од 1994 до 2017 година се стопиле околу 28 трилиони тони мраз, што е еднакво на блок со дебелина од сто метри и големина на Велика Британија. Според научниците, ако милијарда тони мраз се формираат во коцка, би достигнале висина поголема од Монт Еверест.
„Бевме изненадени кога забележавме толку голем пораст за помалку од 30 години“, рекол ко-авторот на студијата, Томас Слатер, глациолог од Универзитетот во Лидс во Велика Британија.
Од 2012 година, стапката на топење на мразот на Антарктикот е тројно зголемена во споредба со претходните две децении.
Во текот на 1990-те години, годишно се топеа околу 0,8 милијарди тони мраз, а до 2017 година тој број достигна дури 1,2 милијарди годишно.
На глобално ниво, атмосферските температури се зголемија за околу 1,1 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, но на Арктикот стапката на затоплување се зголеми двапати повеќе од светскиот просек во последните 30 години.
Истражувачите на ЕСА дојдоа до сознанија на глобалните податоци за сателити и ги поврзаа резултатите од нивното истражување со студии спроведени на копното на поларните региони и со истражување на 215.000 планински глечери.