ВИДЕО: Можни кандидати за иден претседател?
Иако за кандидатите се уште се шпекулира, засега е сигурно дека изборите ќе бидат закажани на крајот на почетокот од февруари, 2 или 3 се можни датуми. Ова го најави спикерот Џафери, наспроти досегашните тврдења дека во пакет со претседателските избори се исклучуваат и предвремени парламентарни.
Професорот Кекеновски за Канал 5 изјави дека таа опција останува отворена само доколку премиерот Заев сепак одлучи да влезе во претседателската трка.
Власта е фаворит на претседателските но опозицијата има шанса само доколку излезе со заеднички кандидат.
Кекеновски вели дека ја обезбедува поддршката од помалите опозициски партии, но дека идејата тој да биде кандидат на опозицијата ќе им биде понудена и на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивната конвенција е најавена за 16 февруари, и извесно е дека дотогаш и власта ќе го открие својот адут.
Засега во коалицијата не се зборувало за ова прашање, но премиерот вели дека процедурата ќе чека да завршат уставните измени во собранието.
И според последната анкета Заев е фаворит на претседателските избори, а зад него се Димитров, Пендаровски и Шекеринска.
Иако од лидерот на ДУИ беше посочен како можно решение за консензуален претседателски кандидат на власта, Малески не е дел од анкетата.