Кои компании се најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза?
Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза заклучно со септември, годинава добивка оствариле 72, а загуба 29 компании. Овие 72 компании оствариле вкупна добивка од 213 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивка оствариле 75 компании, но таа изнесувала 151 милион евра.
Загубата на 29-те компании во првите девет месеци од годинава изнесувала 15,6 милиони евра, што е исто така зголемување во однос на истиот период минатата година кога загуба оствариле 26 компании, но таа изнесувала 12,9 милиони евра.
Најголема добивка меѓу 101 компанија што котираат на берзата оствариле:
- Стопанска банка Скопје (42,1 милиони евра)
- НЛБ Банка (30,2 милиони евра)
- Комерцијална банка (28,1 милиони евра)
- Македонски телеком (21,3 милиони евра)
- Мермерен комбинат Прилеп (18,4 милиони евра)
Најголема загуба во истиот период оствариле:
- Тутунски комбинат АД Прилеп (‐ 3,7 милиони евра),
- ЗК Пелагонија АД Битола (‐ 3,7 милиони евра),
- Арцелор Миттал (ЦРМ) АД Скопје (‐2,8 милиони евра),
- Технометал Вардар АД Скопје (‐1 милион евра),
- Арцелор Миттал (ХРМ) АД Скопје (-910.607 евра)