Компанијата МЕНОРА-ЕНКИДУ претставник на две големи Израелски делегации кои што работат во областа на електронското здравство и сајбер безбедноста
Компанијата МЕНОРА-ЕНКИДУ беше претставник на две големи Израелски делегации предводена од поранешниот потпретседател на Израелскиот парламент и поранешен премиер г-дин Јехил Хилик Бар, кои што работат во областа на електронското здравство и сајбер безбедноста.
Членовите на делегацијата одржаа средба со Министерство за здравство, Министерството за одбрана и Министерството на внатрешни работи, каде што беше дискутирано за услугите и средствата што можат да се имплементираат во нашата држава. Исто така се разговараше за потешкотиите во системот со кои што нашата држава се соочува и решавање на истите.
Делегацијата на Израел го посети и АУЕ-ФОН каде што беше одржана дебатата на тема „Дипломатско преговарање во конфликти“. Исто така се разговараше и за формирање на заедничка регионална академија за сајбер безбедност, сместена во рамките на универзитетот, предводен од г-дин Сефер Цаноски.
Голема благодарност до тимот на МЕНОРА-ЕНКИДУ и Др. Ф’рат Пилатин за нивната посветеност и разгледување на можностите за подобрување на условите и услугите на македонските институции.