(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со фалш потпис преку неговата сметка, „Комерцијална банка“ перела пари. Исиров за „Макфакс“ раскажа дека сè почнало на 13 февруари 2009 година кога тогашната „Инвест банка“ со која немал деловни односи, му отворила сметка и ѝ одобрила на неговата фирма кредит од 60 милиони денари за увоз на маслото „Флориол“. Тој тврди дека ниту потпишал барање за кредит, ниту на банката ѝ дал бизнис-план, ниту знаел дека парите му легнале на сметка.

Парите, како штовели, не останале на сметката во „Инвест банка“, туку истиот ден биле префрлени на неговата сметка во Комерцијална банка. Истиот ден, вели Исиров, парите иако биле во сопственост на „Еуротрејд“ без одобрение, „Комерцијална банка“ ги прераспределила на нејзината потсметка. Три дена потоа, „Комерцијална банка“ ѝ одобрила нов кредит на сметката на Исиров во истиот износ за отплата на првиот кредит од „Инвест банка“ со рок на враќање повторно од 10 дена.

Испративме прашања до „Комерцијална банка“. Конкретни одговори не добивме. Од банката одговорија дека немаат намера преку медиуми да се расправаат со фирми или поединци чии односи со банката се деловна тајна. Од „Комерцијална банка“ одговорија дека на ниедна фирма или поединец немаат одобрено кредит без соодветно барање, одлука од надлежен орган и потпишан договор со странката.

Translate »