Како на природен и ефикасен начин да се ослободиме од несаканата кашлица?

Преодниот период од зима во пролет е пропратен со променливо време, големи температурни разлики помеѓу денот и ноќта, кои неминовно влијаат на природната отпорност на организмот. Дополнително Омикрон вирусот уште повеќе негативно се одрази на нашиот имунитет. Ова е период кога сите не мачи кашлица или инфекција на дишните патишта. Доаѓа до појава на локално воспаление на кое како резултат на одбранбениот механизам во телото се предизвикува секрет што ги иритира органите за дишење, и кој за да не се спушти надоле се јавува кашлица, со цел тој секрет да се исфрли. Кашлицата многу често се јавува и поради оштетување на сензорните клетки во дишните патишта кои се раздразнети. Некогаш секретот е многу густ, иритирачки и ние не можеме многу лесно да го исфрлиме.

Се соочуваме со различни воспаленија, бронхитис, а честопати боледувањето трае долго.
Вирусните инфекции доведуваат до бронхитис и појава на сува или продуктивна кашлица која може да трае и до 2-3 седмици. А сувата и иритирачка кашлица, многу брзо може да премине во акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис), оставајќи трајни здравствени последици.

Во таква ситуација многумина одат во аптека и купуваат антибиотик, незнаејќи дека кај вирусните инфекции антибиотикот не помага и доколку вашиот доктор не ви го препишал, вие си нанесувате повеќе штета отколку корист. Со непотребно користење на антибиотиците, само ја зголемуваме резистентноста на микроорганизмите.

Дефинитивно е подобро да се обидеме со природни додатоци во исхраната кои ќе му помогнат на организмот да се избори со болеста, без несакани ефекти. Во овие услови кога спречувањето на инфекциите на дишните патишта се наметнува како здравствен приоритет, докторите и пулмолозите препорачуваат хербални решенија кои се базираат на природни состојки. Едно од нив е Бронхо протект додаток во исхраната уникатна комбинација на билни екстракти (екстракт од Реиши, Цитрусни биофлавоноиди, црно семе, рузмарин, кинески тегавец, куркума и витамините Ц и Д) кој ефикасно помага во заштита на белите дробови, во искашлување на секретот, го олеснува дишењето и ја одржува функцијата на респираторниот систем. Може да се купи во продажните центри на Натура терапи, како и во аптеките. Делува антиалергиски, а има и антиоксидативно дејство.

Секако она што во континуитет треба да го правиме е здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми, и навремена употреба на хербални додатоци како БРОНХО ПРОТЕКТ.

Важна улога има и физичката активност, доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух.

Translate »