Како на природен начин да постигнеме контрола на дијабетесот и да го подобриме севкупното здравје?
И покрај напредокот на медицината и постојаниот развој на фармацевската индустрија дијабетесот сеуште е една од водечките болести на денешницата која е во постојан пораст, a според податоците од Светската асоцијација IDF Diabetes Atlas над половина милјарда лица ширум светот страдаат од дијабетес и се соочуваат со потребата од постојана контрола на нивото на шеќер во крвта, со цел да го спречат или намалат ризикот од последиците од покачените нивоа на шеќер во крвотокот.
Да видиме зошто е важно и како на природен начин да постигнеме добра контрола на состојбата на дијабетес и да го подобриме севкупното здравје.
Здравствени последици од дијабетесот
Без разлика за кој од видовите дијабетес станува збор, тип 1 како инсулински зависен тип, или тип 2 кој започнува како состојба на инсулинска резистенција и најчесто е назависен од терапијата со инсулин, доколку постојат високи нивоа на шеќер во крвта, тоа доведува до оштетување на крвните садови, а со тоа и оштетување на очите, бубрезите, периферните нерви, или при оштетување на големите артерии, зголемен ризик од појава на инферкт или мозочен удар и загрозување на животот. Затоа потребата од ефикасно регулирање на шеќерот е исклучително важна, а таа може да се постигне само со промени севкупниот начин на живот и поддршката од природни лекови кои ефикасно и безбедно може да ја подобрат контролата на шеќерот.
Модификации на животниот стил за подобро управување со дијабетесот
Лековите за дијабетес не секогаш успеваат да воспостават добра контрола над метаболизмот на шеќер. Докторите исто така препорачуваат дека, покрај земањето лекови, секое лице со дијабетес мора да направи промени во начинот на живот и исхраната. Овие препораки се состојат во:
- примена на редовна физичка активност (пешачење, возење точак, качување на планина, спорт или фитнес активности), колку сте поактивни толку ќе биде помала потребата од лекови во вашиот живот.
- намалување на внесот на храна со голем гликемиски индекст – богата со прости шеќери како бел шеќер, мед, сите кондиторски производи и засладени сокови, како и производи од бели рафинирани брашна.
- зголемување на внесот на зеленчук, јатки и семиња а умерено внесување на овошје.
- редовен внес на антиоксиданси, природни хербални лекови и други додатоци на исхраната кои помагаат во подобрување на регулацијата на шеќерот.
Хербални лекови за дијабетес:
- Грчко семе (Фенугрик) – оваа билка е многу богата со растворливи влакна кои ја успоруваат дигестијата на јаглехидратите, а со тоа ја успоруваат и намалуваат и апсорпцијата на шеќерите од храната.
- Горчлива диња (карела) – оваа билка навистина е како природен лек за дијабетесот бидејки активните состојки во неа делуваат како еден вид растителен инсулин, или поточно ја подобруваат функцијата на инсулинот во телото што овозможува подобра регулација на шеќерот.
- Цимет – овој сладок зачин исто така е познат природен лек, кој како и горчливата диња успева да го подобри дејството на инсулинот, а воедно и го блорира дејството на ензимита задолжени за дигестија на јаглехидратите со што го намалува нивниот негативен удел врз шеќерот во крвта.
- Женшен – постојат истражвања кои покажуваат дека женшенот помага во намалување на нивото на шеќер во крвта на гладно.
- Лаванда – со својот ароматичен мирис есенцијалното масло од лаванда не само што има смирувачки ефект, со што помага да спречиме покачување на шеќерот, туку дејствува и на намалување на вредностите на шеќер во крвта и антиоксидантска заштита за клетките.
- Алое вера – алоето има многу широки здравствени придобивки, а една од нив е хипогликемиско дејство и стабилизирање на вредностите на шеќер во крвта.
- Алфа-липоична киселина – моќта на овој природен антиоксиданс кој го создава и секоја клетка е клучна за постигнување на добра инсулинска чувствителност и добра функција на инсулинот, а земен како додаток претставува и природен лек за дијабетичната невропатија.
- Магнезиум – основен минерал кој помага да се подобри самиот транспорт на шќерот во клетките, како и неговото полесно исфрлање преку урината, а воедно е и важен за заштита и одржување на функцијата на крвните садови.
Овие природни лекови денес се потврдени и од страна на бројни научни истражувања и клинички студии, затоа и се дел од пазарната понуда на Naturatherapy.mk како ефикасни природни решенија кои помагаат во заштитата, одржување и позобрување на здравјето.