Како изгледаат 1,8 милиони евра на маса? Еве, Словенците знаат како

Една седмица по приведувањето на двајца мажи кои во комбе пренесувале пари, словенечката полиција уште не утврдила чии се тие пари. Ако не го најдат сопственикот, парите веројатно ќе одат во буџетот.

Словенечката полиција пред една недела за време на рутинска проверка на автопатот во Прекмурје, на североистокот на земјата, во комбе возило на двајца странци открила 1,8 милиони евра непријавени пари, па ги запленила. 

Со оглед на тоа дека странците во возилото со унгарски таблички не знаеле да го објаснат изворот на парите, полицијата им ги запленила.

Според царинските прописи на ЕУ, патниците кои патуваат во ЕУ или од ЕУ во трета земја со кеш во износ поголем од 10.000 евра, тоа мора да го пријават, а странците во овој случај тоа не го направиле.

Како што наведуваат словенечките медиуми, европските банкноти биле во комбето спакувани во картонски кутии, а полицијата во оваа прилика, со оглед на тоа дека имало многу повеќе пари од дозволеното, од локалната банка морала да позајми автоматска машина за броење на пари.

Една седмица подоцна словенечката полиција и натаму не знае на кого му припаѓаат парите, бидејќи уапсените мажи молчат. Словенечката полиција парите ги депонирала на посебна сметка. Според правилникот, би требало да ги добие сопственикот, ако се утврди за кого станува збор. Ако не се јави никој, парите веројатно ќе завршат во државата каса.

Translate »