БРЗОТО ОДЕЊЕ МОЖЕ ДА ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ
Очекуваниот животен век е поголем ако едно лице оди побрзо, без разлика дали е слаб или дебел, откриле британските научници.
„Резултатите ни ја покажуваат релативната важност на добра физичка форма за очекуваното траење на животот во споредба со тежината“, изјави Том Јејтс од тимот.
Научниците работеле со податоци од повеќе од 470.000 луѓе од британската „Биобанка“. Од нив најмалку живееле многу слабите мажи и жени, кои оделе бавно – во просек 64,8 години, односно 72,4 години.
Жените кои брзо одат, имаат очекуван животен век од 86,7 до 87,8 години, а мажите 85,2-86,8 години. Тој опстојува дури и ако тие се со прекумерна тежина. Општо земено, луѓето што одат брзо може да живеат до 15 години подолго од оние кои едвај се движат.
„Резултатите покажуваат дека добрата физичка форма е подобар показател за очекуваниот животен век отколку индексот на телесна маса. Со поттикнување на луѓето брзо да пешачат, може да додадат години во нивниот живот“, рече Јејтс.
Истражувањето не значи дека луѓето кои брзо одат подолго живеат. Тoа има врска, но не е причина и последица. Брзината на пешачење, сепак, може да биде начин за лекарите да го проценат општото здравје на нивните пациенти, заедно со други студии.
Студијата од 2013 година покажа дека брзото одење ги намалува кардиоваскуларните ризици и на тој начин го продолжува животот.