Германската војска испраќа помош: Ситуацијата во Португалија е драматична – во болниците во целата земја има само 7 слободни кревети
Германската војска ќе испрати свој тим и опрема во Португалија каде што ситуацијата со пандемијата на коронавирусот станува се потешка.
Имено, болниците веќе се преоптоварени и на некои места повеќе нема достапни интензивни единици.
Официјален Берлин одлучи да испрати помош откако од Португалија порачаа дека им се останати уште само 7 слободни кревети во целата земја.
„Ќе ја поддржиме Португалија со медицинска опрема и човечки персонал“, порачаа во текот на вчерашниот ден од германското Министерство за одбрана.

„Ситуацијата не е лоша, ситуацијата е очајна. Нема смисол да порекнуваме дека се соочуваме со најлошиот момент. И ќе трае уште неколку седмици, тоа е сигурно“, изјави неодамна португалскиот премиер Антонио Коста.
Според актуелните податоци, Португалија во овој момент има најголем 7-дневен раст на бројот на новозаразени, но и починати по глава на жител во целиот свет. Во оваа земја од 10 милиони жители досега како последица на коронавирусот починаа 12,179 лица.

