Од скопјанка побарани 1.500 евра за да не бидат објавени нејзини фотографии

Поднесена е кривична пријава против М.Б. (29) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Уцена“.

Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот од 21 до 31 минатиот месец со намера да се стекне со противправна имотна корист ја уценувал А.Б. (32) од скопско и побарал 1500 евра за да не сподели нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.

Притоа, соопшти МВР, на 31 минатиот месец во 15:35 часот пријавениот, по претходен договор, се сретнал со оштетената во кафе бар на Плоштад Македонија – Скопје, каде противправно земал 500 евра, кои му биле предадени од страна на оштетената, при што од страна на СВР Скопје настанот е соодветно документиран.

Translate »