Ова е најмладиот сериски убиец во светот- 8 годишниот Индиец за жртви бирал бебиња!
Веста од стравичните злочини на младиот убиец, осмо годишниот најмал сериски убиец во светот, Амардип Сада, во 2007 година се проширија по светот.
Со убиствата започнал една година пред да биде уапсен од полицијата, а негови жртви биле мали деца, бебиња од локалните села, а меѓу нив и неговата осум годишна сестра. Иако не е јасно зошто ги напаѓал децата, се претпоставува дека тие му биле лесни мети, поради тоа што не можеле да се бранат, пишува Ранкер.
Амардип е роден 1998 година во Бегусарај во Индија. 2006 година го убил својот шесто месечен роднина, а веднаш потоа ја убил неговата осмо месечна сестра. Потоа една година подоцна, ја убил ќерката од својот комшија, која имала само 6 месеци. Никој не го пријавил и тешко е да се разбере зошто неговото семејство ги криело неговите злочини. Тие убиства се криеле во неговото семејство, па поради тоа настрадало и третото бебе. Додека полицијата го испитувала, се претпоставувало дека целата ситуација не ја разбирал сериозно. Кога го прашале зошто убил три деца, тој побарал да јаде кекс.
После неколку моменти од разговорот, со веселба и радост почнал да зборува за злочините кои ги направил. Потоа на полицијата им помогнал да пронајдат едно од убиените тела. Злочините ги објаснувал детално.
Спиеше во училиштето, ја онесеов таму и ја убив со камен па ја погребав, им објаснувал за убиството на последното девојче. Полицијата открила дека неговите зборови се вистинити и кога го пронашле телото на шесто месечната Кушбо, биле шокирани.
Случајот привлече големо внимание во светската јавност и голем број психолози беа шокирани од однесувањето на малиот индиец, а еден од нив Шамшад Хусеин, психолог, кој рече дека младиот убиец уживал да нанесува повреди на мали бебиња.
Тој не познавал разлика на добро и лошо, а на крајот му било дијагностицирано пореметување на однесувањето. Во 2015 година Сада ги контактирал медиумите и ги известил дека се наоѓа во дом за млади до својата 18 година. На својот роденден во 2016 година требало је да излезе на слобода, но наводно го сменил името во Самарџит како би ја сочувал приватноста.