„Алфите“ спасија давеник во Вардар
Двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево спасија возрасен маж од водите на Вардар во Скопје.
Близу, Камениот мост мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи.
Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие.
Давеникот, беше изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.