Инцидент во кафеана, нападнати се и полицајци
Инцидент во кафеaна во Тетово. Изутринава во 1:20 часот Д. П. (1992) од Тетово сопственик на Угостителски објект „Мерак“ пријавил дека Д. Ф.и Ј.Н. му се заканувале и физички го нападнале.
Околу 00:30 часот пријавените во видно алкохолизирана состојба сакале физички да се пресметаат во објектот со дел од присутните гости, влечејќи ги за јакни, ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги нападнат, по што Д.П се обидувал да ги смири и ги замолил да престанат и да седнат на своето место.
По доаѓањето на полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и физички го нападнале.
По издадена наредба од страна на полициските службеници да престанат со насилството, истите не ја послушале наредбата и почнале да ги омаловажуваат и да им се закануваат и на полициските службеници.
По обидот за приведување Д. Ф. и Ј.Н дале отпор и физички ги нападнале полициските службеници К.С. и А.С, задавајќи им удари со тупаници и клоци, по што од страна на полициските службеници употребени се средства за присилба и лицата се приведени во Полициската станица – Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.