Сируп за слабеење, го топи салото
Овој сируп ќе ви помогне да ги елиминирате маснотиите и вишокот вода од организмот, а покрај тоа ќе ви го забрза функционирањето на мозокот, ќе ви го подобри помнењето, слухот и видот.
Главна состојка е свежиот рен, богат со витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум и фосфор.
Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува заморот и воедно го поттикнува развојот на корисни бактерии во стомакот.
За сирупот за слабеење потребни ви се само овие 3 состојки:
- 125g рен
- 3 лимони
- 3 лажици мед
Постапка:
Измешајте го ренот во блендер. Исцедете ги лимоните, па сокот додајте го во блендерот и промешајте уште 2-3 минути.
Додајте 3 лажици мед, повторно измешајте додека не добиете сируп и префрлете го во тегла.
Земајте по 1 мала лажичка 2 пати во денот, пред оброкот. Консумирајте го 3 седмици, а потоа направете пауза од неколку дена.